Насловна / Архитектура / Зградата на Оскар Нимаер во која живеат 5.000 луѓе

Зградата на Оскар Нимаер во која живеат 5.000 луѓе

Во големите градови големи станбени згради се честа појава, но згради во кои живеат пет илјади луѓе и не се баш. Една таква зграда почнала да се гради 1957 година, а завршена е 1966. Copan или Edificio Copan во Сао Паоло е една од најголемите станбени згради на светот.

1
Зградата е висока околу 140 метри, има 1.600 станови распоредени на 38 ката и во неа можат да живеат 4.000 до 5.000 луѓе. Станува збор за толку населена зграда што добила и свој поштенски број. Односно, сите жители на зградата имаат единствена поштенска адреса, пишува Pankufer.

Погледнете го видеото за зградата:

Град во град

Покрај тоа што оваа зграда има поштенски број и сопствена пошта, таа порано имала и сопствена стоматолошка ординација, кино и црква. На тоа место денес е уметничката галерија Pivo која ги собира некои од најголемите бразилски уметници на денешницата. Во зградата има и седумдесетина канцелариски простори, ресторани и различни продавници. Оскар Нимаер, архитектот на овој објект, ја замислил оваа зграда како место каде ќе живеат богатите и работничката класа едни со други.

Од мрачен период до комплетно обновување

Copan во своето педесетгодишно постоење преживеала сешто, исто како и нејзините жители. Некои тогашни жители ќе признаат дека во „ мрачениот период“ на оваа зграда не се осудиле да разговараат со особи со кои се среќавале во ходниците или лифтовите, бидејќи никогаш не можеле да знаат кои се тие.

5
Имено, во 80-тите зградата Copan била магнет за дилери, дрога и проституција, па така и цената на становите била пониска. Денес нив ги замениле уметници, студенти, успешни бизнисмени одушевени од идеата да живеат во ваква посебна зграда. Целата зграда и подрачјето на градот околу зградата живнале и прераснале од дел кој се избегнувал до место кое привлекува луѓе со своите галерии, скејт паркови и ресторани. За ова во голем дел е заслужен Affonso Celso Prazeres de Oliveira, управникот на зградата, кој вовел построги прпоиси и правила, надзорни камери и казни за непочитување на куќниот ред.

3

Од терасата на најголемата зграда во Сао Паоло

Единствен поглед од зградата

Многу туристи кои доаѓаат во Сао Паоло ќе ја побараат Copan за да се качат на самиот врв на зградата и тамо уживаат во птичјата перспектива на најголемиот град во Јужна Америка. Од понеделник до петок може бесплатно да се влезе на кровот, а за викенд влезот е забранет. Зградата Copan е невозможно да не се препознае поради големината и необичната извиена форма, односно графема ~ која се користи во португалската абецеда и се наоѓа во името на градот São Paulo.

4

Испрати коментар

Scroll To Top