Градежната компанија „Бауер БГ“ даде најдобра понуда на тендерот за изработка на ограда од ковано железо околу објектот на Владата на Република Македонија, кој од неодамна е со нова, „барокна“ фасада. Металната ограда од ковано железо ќе чини 700 илјади евра.
На оградата ќе има четири или пет влезови, кои ќе бидат отворени за граѓаните, но ќе се затвораат во вечерните часови.
Зградата на улица „Илинденска“ бр. 2 првпат во историјата ќе биде оградена, со што ќе се изгуби нејзината основна симболика – отвореноста и транспарентноста на работата на македонските влади.
Скопската градежна компанија „Бауер БГ“ и досега има изработено повеќе проекти финансирани од државата.