Старата зграда на Европскиот парламент во Брисел, се смета за неадекватна за понатамошна употреба. Проектантскиот тим во кој се и Carlo Ratti Associati (CRA) предлага амбицизоно реновирање на постоечката зграда наместо повторна градба. Би се користела оригиналната конструкција со дополнителни карактеристики на одржливата градба, меѓу кои и многу зеленило. Зад овој предлог стои Europarc collective, во кој покрај CRA се и Julien De Smedt Architects, Coldefy, NL Architects и Ensamble Studio, со инженери од UTIL и Ramboll. Главната идеја е да се избегне отпадот кој настанува со рушење на зградите.
Europarc истакнува дека сегашната зграда има бројни недостатоци, но нејзиното рушење и замената со нова зграда би можел да биде погрешен пристап. Во градежниот сектор, над 50% од јаглеродниот отпечаток се создава при изградба на грубата конструкција на зградата. Затоа тие и сметаат дека е подобро повторно да се искористи поголемиот дел од конструкцијата на зградата, со подобрување на условите за работа во парламентот. Внатрешноста на зградата ќе биде фокусирана на новата собраниска сала на Европскиот парламент, наречена Hemicycle. Таа ќе има голем прозорец кој може да функционира како некој вид на дисплеј за информирање на минувачите.
Во меѓувреме, на највисокиот кат ќе биде т.н. „Зелена агора“, која ќе создаде бујна ботаничка градина на покрив и да се поврзе со собраниската сала преку отворениот плафон. Паркот ќе има вегетација која е автохтона за сите 27 земји членки на ЕУ. Зградата ќе има и центар за добредојде, простории за културни настани, ресторани и деловен простор. Europarc ќе ги отстрани ѕидовите за да создаде непосредна област околку зградата, а пристапот ќе биде подобрен. Големото застаклување ќе ја максимизира дневната светлина во внатрешноста, а низ соларните панели ќе се намали потрошувачката на енергија до мрежата. Предвидени се и системи за собирање на дождовницата која ќе се користи за наводнување, а квалитетот на воздухот ќе биде приоритет, преку изведбата на вентлационите системи. Овој проект победил на архитектонскиот конкурс одржан уште во 2020 година.