Насловна / Архитектура / Зграда во Њујорк што не ја блокира сончевата светлина

Зграда во Њујорк што не ја блокира сончевата светлина

Поради зголемениот број високи згради кои понекогаш се премногу блиску една до друга честопати е случај тие што се пониски да бидат во сенка на поголемите и замаглени од сончевата светлина. Десеткатната зграда, наречена „40 Tenth Avenue“, е впечатлива нова зграда на Студио Gang која со скулптуралната фасада не го блокира сонцето на посетителите во блискиот парк.

Nujork

За прв пат, проектот беше откриен уште во 2012 година како „Solar Carve Tower“, а почна со имплементација пред неколку години. Зградата се наоѓа во Њујоршката област Meatpacking и располага со канцелариски простор од 160 илјади квадратни метри, простор за малопродажба на приземје и тераси на покривот.

Nujork1

Она што го карактеризира овој облакодер е неговата извонредно застаклена фасада, која му дава уникатен изглед, а истовремено одговара на движењето на сончевите зраци и се осигурува дека посетителите во соседната „High lineao“ и околните згради не се засенчени или замаглени.

Nujork2

Фасадата е дизајнирана во однос на аглите на кои паѓа сончевата светлина. Solar Carve истражува како архитектурата може да одговори на сончевиот пристап и другите критериуми специфични за да може позитивно да се одрази врз животната средина, велат од студиото Gang.

Nujork3

Зградата се наоѓа на работ на Менхетен помеѓу High Line Park и реката Хадсон. Тој е специфичен по својата единствена форма, којa произлегува од геометриските врски меѓу дозволената форма и движењето на сончевите зраци. Локацијата до паркот обезбедува свеж воздух и поглед на реката и зеленилото.

Проектот е развиен од Aurora Capital Associates и William Gottlieb Real Estate.

Nujork4

Nujork5

 

Испрати коментар

Scroll To Top