Насловна / Архитектура / Зграда во форма на бројот 2022

Зграда во форма на бројот 2022

Ибрахим М Џаида, главен архитект во Арапското инженерско биро, е задолжен за проектот во форма на серија бројки што ја сочинуваат тековната година.

Зградата, именувана како „Iconic 2022“, е изградена во комплексот „Doha Sports City“ во главниот град на Катар, веднаш до стадионот „Калифа“, кој ќе биде домаќин на натпреварите за време на Светското првенство оваа година.

Katar

Инвеститорот и иницијатор на целиот проект, шеикот Насер бин Хамад Ал Тани, ја опишува како „првата зграда во светот која изгледа како една година“.

“Проектот е единствен бидејќи почна со едноставна идеја. Шеикот Насер ми рече: Ибрахим, имам предизвикувачка идеја за тебе и ми покажа скица со бројот 2022“, рече катарскиот архитект за Dezeen, чија компанија исто така го проектираше стадионот во Доха во форма на традиционалната капа такија.

Зградата е формирана од четири блока, кои имаат фасади така што изгледаат како броевите 2 или 0. А освен што дава фронтален изглед на 2022 година, оваа бројка може да се прочита и ако зградата се гледа одозгора.

Katar1

“На денот кога почнав да работам на овој архитектонски проект, забележав дека многу фотографии од стадионот се направени одозгора, па сакав да проектирам дури и кров во облик на 2022 година“, изјави Ибрахим М Џаида.

Сите блокови се поврзани со двокатен подиум. Во приземјето на подиумот се сместени супермаркет, кафуле и ресторани, додека на првиот кат има спортски центар и здравствен клуб. Канцелариите на неколку спортски тела ги заземаат кулите.

Проектниот тим се надева дека, покрај стадионот, овој објект ќе биде во спомен на времето кога Катар е домаќин на Светското првенство. Посочуваат дека имале и опција проектот да биде инспириран од трофејот на Светското првенство, но се откажале од тоа, бидејќи како што велат – трофејот не му припаѓа на Катар, туку годината 2022.

Katar2

Испрати коментар

Scroll To Top