Конвенционалниот начин на градење подразбира дека прво се прават темелите а потоа и покривот. Меѓутоа, во Канада знае да биде и обратно!
Градежна компанија од Монтреал гради станбена зграда од десет ката во центарот на градот на сосема необичен начин. Тестиран е нов метод на градење во коешто прво се направени темелите и првиот кат, а потоа и покривот. Под подигнатиот покрив почнале да никнуваат еден по друг нови катови, пишува CBS.
Иако овој метод за градење, најверојатно, e поскап и покомплициран отколку конвенционалниот, тој овозможува да се работи без кранови и без скеле. Исто така, работниците можат да работат во текот на целата година, бидејќи тие се заштитени од различните временски услови, а особено од суровите канадски зими.