Деловна зграда во Индијанаполис е преместена на нова локација без прекин во снабдувањето со електрична енергија, гас, вода и телефонски услуги.
Кога инженер ќе ви каже дека некој проект е невозможен да се изведе, потсетете го на овој пример направен пред скоро 90 години. Имено, зградата на Индијана Бел е навидум обична зграда во Индијанаполис, САД. Изградена е во далечната 1907 година, а познатата телекомуникациска компанија се преселила во сите 22 ката. Сепак, во 1930 година, било одлучено да се премести зградата за да се создаде простор за нова зграда.
Во периодот од 34 дена, зградата од 10 илјади тони е преместена 16 метри јужно, ротирана за 90 степени, а потоа повторно се преселила на 30 метри западно.
Ротацијата на зградата било направено без прекинување на снабдувањето со гас, електрична енергија, вода и телефонски услуги. Сепак, уште пофасцинантен е фактот дека никој од станарите не почувствувал како се движи зградата.
Инженерите правеле бетонски перници, а за нивно поместување биле користени хидраулични кранови и валјаци. Зградата се преместувала од еден на друг валјак, со брзина од околу 40 сантиметри на час.
Новиот штаб на АТ & Т, преземен од Индијана Бел, бил завршен во 1932 година и бил висок седум ката. Подоцна, во 1940-тите и 1960-тите години, зградата се проширила до сегашната големина и висина. За жал, првичната зграда, која била преместена, е срушена во 1963 година.