Хотелот Баухофстрасе е првата јаглеродно неутрална зграда во германскиот град Лудвигсбург.
Архитектонското студио од Штутгарт, Von M, го потпишува проект за нов градски хотел лоциран недалеку од барокниот замок и трговскиот центар од 1970-тите. Почитувајќи го контекстот на локацијата, но со желба да ја подмлади, како и со плановите за одржливост во иднината, градскиот оддел за планирање побарале хотелот да стане „реномиран проект за првата зграда неутрализирана со СО2 во Лудвигсбург“.
Освен што основата на зградата и скалите се изработени од бетон, Von M решиле да користат дрвени модули за изградба на хотелот, со цел да се создаде што е можно поодржлива зграда, пишува Dezeen.
Ѕидовите, подовите и таваните на хотелските соби се изработени во фабрика како модули од вкрстено ламинирано дрво (CLT), чие сечење е контролирано преку компјутер.
Модулите се изработени од локално дрво во Австрија, каде што се дополнително опремени со столарија и подни облоги. Потоа се пренесени во Лудвигсбург и инсталирани во рок од пет дена.
Архитектите на студиото Von M објаснуваат дека употребата на бетон во одредена количина е ублажена со 440 кубни метри дрво, па може да се каже дека зградата е неутрализирана од јаглерод.
Хотелот Баухофстрасе е со иста висина како и нејзиниот најблизок сосед, но суптилно се издвојува од неговата околина со фасадата од цементни влакна. Целта да се создаде контраст со постојната околина, но сепак да се направи објектот во согласност со локацијата, е постигната на овој начин.
Во внатрешноста на зградата, бетонските површини се останати изложени, а ламинираното дрво не е обоено. Вкупно 55 хотелски соби се украсени во неутрални бои, кои се во хармонија со изложеното светло дрво, а амбиентот е многу топол.
Малку пониските парапети на прозорците се покриени со текстил, така што гостите можат да ги користат за да седат и да уживаат во погледот на градот.