Насловна / Вести / Зграда кој генерира обновлива енергија колку што ќе потроши

Зграда кој генерира обновлива енергија колку што ќе потроши

Новата зграда во рамките на кампусот на биотехнолошката комапнија United Therapeutics претставува права мала револуција на полето на енергетската ефикасност.

Енергетски неутралниот објект генерира точно онолку обновлива енергија колку што ќе потроши. Судејќи по новите проекти кои моментално се градат во Европската Унија, а особено во Холандија, нулта проектите се нешто кон што светската архитектонска сцена се повеќе тежнее.

unisphere-projekat-net-zero-energy

 

Компанијата Unither со својот нов проект сакала да постигне две цели. Прво нивниот објект морал да ги задоволи сите стандарди  за во него да можат да отседнат животно загрозени пациенти или луѓе со тешки хронични заболувања кои чекаат трансплантација на органи. Второ, зградата би морало да ја генерира целата енергија што во неа ќе се потроши. Судејќи по резултатите иноваторите од Unither апсолутно имаат успеано во својот експеримент.

Покрај него имаат основано и Агенција за искуствен дизајн која во иднина ќе се занимава со вакви проекти.

Зградата „The Unisphere“ е одликувана со Net Zero сертификат кој го доделува Советот за зелена градба на САД. Овој сертификат е практично надоградување на познатиот LEED сертификат кој можат да го добијат само проекти кои имаат нулта емисија на јаглерод диоксид, нулта потрошувачка на енергија и вода и кои не произведуваат отпад.

unisphere-net-zero-energy-782x368

Испрати коментар

Scroll To Top