Деловната зграда Кјобо, прва на светот реконструирана енергетски позитивна зграда, ги отвори своите врати во Сандвик, Норвешка. Проектирана од страна на архитектонското биро Snøhetta, проектот вклучува трансформација на неколку деловни згради изградени во 80-тите години на минатиот век во комплекс кој ќе генерира повеќе енергија отколку што треба за следните шеесет години.
Архитектонското биро Snøhetta го гледа проектот Кјобо како нов модел за идните енергетски позитивни згради кои ќе треба го променат начинот на изградба во градежната, архитектонската и енергетската индустрија.
Зградите се простираат преку тревниот кампус, вкупно заземајќи 5.200 квадратни метри канцелариски простор, и се проценува дека ќе трошат околу 250 kWh по квадратен метар годишно. Покривите на зградите се прво опремени со масивен фотонапонски систем, кој може да произведе 200.000 kWh годишно. Ова е многу повеќе енергија отколку што е потребно за самата зграда, така што вишокот се враќа назад во мрежата за потребите на блискиот град.
Архитектонското биро Snøhetta, исто така, поставило и геотермални енергетски бунари. Тие работат во текот на целата година природно да го извлечат топлиот и ладен воздух за регулација на температурата во внатрешноста на зградата. Модерната реконструкција на канцеларискиот ентериер поттикнува на подобра работна средина во комплет со спиралните скали кои изгледаат како канал за вентилација. Едноставната, но сепак иновативна реконструкција на бизнис комплексот Кјобо е одличен пример за реалноста на градење на подобри објекти кои можат да ги задоволат своите енергетски потреби.