Насловна / Ентериери / Зграда и ентериери според проект на Заха Хадид

Зграда и ентериери според проект на Заха Хадид

Архитектонското студио Заха Хадид го прошири своето поле на активност и влезе во водите на дизајнот на ентериери со својот најнов проект на станбена зграда во Њујорк, на Менхетен, на адреса 520 West 28 Street. Острите агли кои се типични за станбената резиденцијална архитектура на Њујорк заменети се со динамични кривулести линии.zaha hadid njujork_09

Новата зграда, во којашто се сместени 39 луксузни апартмани, е прв станбен проект од овој вид за познатата британска дизајнерка.

zaha hadid njujork_01

Метално-стаклената фасада на зградата се издига на неколку нивоа, истовремено спојувајќи ги ентериерот и екстериерот во една заокружена целина.

Во внатрешноста, секој стан е индивидуално декориран и со дизајнерски печат на Заха Хадид. „Ентериери се идеално се вклопени во скелетниот дизајн на екстериерот, создавајќи едно монументално уметничко дело”, објаснуваат од студиото.zaha hadid njujork_05

Повеќето од спалните соби имаат долги приватни балкони со лизгачки врати, споени бањи и огромни гардеробери. А самата зграда на станарите best online casino им нуди бројни содржини, како што се спа центар, затворен базен, зона за релаксација и сали за играње.

zaha hadid njujork_02 zaha hadid njujork_03 zaha hadid njujork_04 zaha hadid njujork_06 zaha hadid njujork_07 zaha hadid njujork_08 zaha hadid njujork_10 zaha hadid njujork_11 zaha hadid njujork_12 zaha hadid njujork_13 zaha hadid njujork_14 zaha hadid njujork_15 zaha hadid njujork_16 zaha hadid njujork_17 zaha hadid njujork_18

Испрати коментар

Scroll To Top