Станбената зграда Аran се наоѓа во четвртта Zaferaneih на северот на Техеран, Иран, зелено подрачје во близина на брда со прекрасни погледи.
Зградата со површина од околу 15.000 квадратни метри има 16 нивоа, од кои 11 ката се станбени, а осум имаат две станбени единици од 370 квадратни метри, додека три ката вклучуваат четири стана од по 200 квадратни метри.
Приземјето на зградата се состои од лоби, игротека, фитнес, библиотека, соба за управување и семејно кино. На првото подземно ниво сместен е базен, спа центар, сала за состаноци и машинска просторија. Паркингот и магацините се наоѓаат од второто до четвртото ниво под земја. На кровот на зградата проектирани се две градини кои се разликуваат по намена и визуелен дизајн.
Проектантскиот тим на бирото Pargar Architecture and Design Studio од Техеран, одлучил да направи два големи отвори на источната и западната страна на зградата во различни ориентации. Затоа, основите на становите се ротирани за 45 степени за да бидат внимателно поставени на сончева изложеност и поглед на соседните планини и зелени површини.
Со оваа одлука и фоајето на катот е ориентирано кон исток. Оваа ротација не била можна на сите катови, поради близината со соседите. Првите три ката се усогласени со хоризонтот на улицата и имаат различна геометрија.
Фоајето на приземјето е поврзано со две зелени градини, кои се продолжетоци на источното и западното предворје. Базенот кој е на првиот кат има поглед на пејзажот. Природниот наклон на теренот обезбедува соодветна дневна светлина и конференциска сала со поглед на базенот.
Со подвижните стаклените ѕидови на базенот и конференциската сала, можно е да се користат двата простора истовремено. Фасадата на зградата е комбинација на два различни камена, дрво и алуминиум. Ротацијата и оската од 45 степени станаа идентитетско прашање што се разгледува во различни делови од дизајнот, како што се камените парчиња на фасадните или внатрешните ѕидни облоги и вратите на становите, што довело до единство на компонентите и елементите на зградата.