Според податоците за квалитетот на воздухот објавени на страницата на Министерството за животна средина, зголемено ниво на загаденост со ПМ честички е регистрирано во Скопје, Тетово, Битола, Кичево и во Кавадарци.
Утрово најзагадено е во Тетово каде концентрациите на ПМ 10 честички е 10 пати над дозволената граница.
Во Скопје најзагадено е во Центар, Карпош, Лисиче, Гази Баба и кај Ректорат.
Според прогнозите, до недела ќе преовладува слично време, а од недела се очекува промена со врнежи од снег.