Насловна / Вести / Зголемена вегетацијата околу Монт Еверест

Зголемена вегетацијата околу Монт Еверест

Фотографиите од сателитот „Ландсат“ на НАСА од 1993 до 2018 година откриваат мали, но значителни зголемувања на вегетацијата во четири области околу Монт Еверест, на надморска височина од 4.150 до 6.000 метри.

Поради брзото топење на мразот, на Монт Еверест почна да расте трева. Ова се области каде почна да се шири таканаречениот предснежен вегетативен појас.

mont everest1

Сателитите имаат забележано дека грмушките и растенијата што обично растат помеѓу снежниот и пред снежниот вегетативен појас почнаа да растат таму.

Студијата, чии резултати беа објавени во списанието Global Change Biology, не ги опфати причините за ваквите промени.

Научниците велат дека нивните наоди се во согласност со моделот што укажува на намалување на количината на мраз во области каде што температурите се премногу ниски за раст на растенијата како резултат на глобалното затоплување.

Сè уште не е познато какво влијание ќе има оваа појава, но станува збор за регион кој игра важна улога во приливот на вода во десетте најголеми реки во Азија и снабдувањето со вода за околу 1,4 милијарди луѓе.

Испрати коментар

Scroll To Top