Британската нуклеарна централа „Селафилд“ ги истражува причините за појавата на зголемена радијација во централата. Радијацијата е предизвикана од природниот гас радон. Досега истрагата покажала дека не била направена грешка во извршувањето на операциите. Радонот е радиоактивен гас кој природно се појавува од карпи или почва. Од централата уверуваат дека нема никаков ризик за населението во поблиската и подалечната околина на централата, како и за нејзините вработени. „Селафилд“ се наоѓа на 480 километри од Лондон, во севернозападна Англија.
Во „Селафилд“ во октомври 1957 година се случи најкатастрофалната нуклеарна несреќа во Велика Британија. Во оваа централа некогаш се произведувал плутониум за нуклеарни бомби. Пожарот што тогаш ја зафатил централата траел пет дена и предизвикал радијација во атмосферата.
Извор: Deutsche Welle