Насловна / Вести / Зголемен бројот на издадени градежни дозволи

Зголемен бројот на издадени градежни дозволи

gradenje vo skopje

Податоците што ги објави Државниот завод за статистика покажуваат дека во ноември лани се издадени 281 одобрение за градење на згради, инфраструктура и реконструкција, во што ќе се вложат вкупно 3.6 милијарди денари.
За 54,4 проценти е поголем бројот на издадени одобренија за градење во ноември лани во однос на истиот месец во 2013 година. Вредноста на објектите што треба да се изградат со овие градежни дозволи, пак е за 83,9 отсто поголема отколку во годината пред тоа.
По застојот на почетокот на 2014, овој статистички извештај покажува дека пред крајот на годината расте изградбата на станови. Така, од вкупниот број издадени одобренија за градење, 181 се наменети за објекти од високоградба, 41 за објекти од нискоградба и 59 за реконструкција. На 184 објекти како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 97 објекти се деловни субјекти.

gradenje vo skopje (2)
Во овој период е предвидена изградба на 361 стан со вкупна корисна површина од 35.324 квадратни метри. Најголемиот дел од парите што ќе ги инвестира градежниот сектор е токму во изградбата на станови. Или од вкупно 3,6 милијарди денари, колку што е пријавено дека ќе се вложат, 2,5 милијарди се за станбена изградба. За реконструкција на објекти, пак, треба да се потрошат околу 150 милиони денари.
Со издадените дозволи во ноември најмногу станови се градат во Скопскиот регион, вкупно 128, од кои најмногу, 32 во општината Ѓорче Петров. Градежните компании, пак во моментов се сконцентрирани на изградба на трособни станови, какви што ќе бидат половината од оние за кои се издадени градежните дозволи.

Испрати коментар

Scroll To Top