Насловна / Вести / Згасна најстариот нуклеарен реактор во Германија

Згасна најстариот нуклеарен реактор во Германија

nuklearka germanija (2)

Најстариот нуклеарен реактор во Германија Grafenrheinfeld е ставен целосно вон погон, во рамките на иницијативата на германските власти до 2022 година да се затворат сите нуклеарни постројки во земјата. Во склоп на оваа програма, досега се затворени осум реактори.Projection on nuclear power plant  Isar

Реакторот Grafenrheinfeld во Баварија бил пуштен во погон во 1981 година. Министерката за животна средина Барбара Хендрикс изјави: „Затворањето на овој реактор е јасен сигнал дека Германија ќе го оствари ветеното, и во целост ќе го спроведе планот за ослободување од нуклеарките. Со секој затворен нуклеарен реактор, се редуцира т.н. преостанат ризик кој е поврзан со експлоатацијата на нуклеарните централи, и тоа нè води чекор понапред во реорганизацијата на енергетскиот сектор“.

Германија има амбициозна цел, 80% од енергијата до 2050 да ја обезбедува исклучиво од обновливи извори.

 

Испрати коментар

Scroll To Top