Германската компанија ZF го претстави целосно електромагнетниот систем за кочење. Со други зборови, хидрауличкиот систем е елиминиран, а патеката на запирање е пократка за 9 метри при брзина од 100km/h. Новиот систем е развиен во центрите на компанијата во Кина, САД и Германија. Компанијата тврди дека оваа технологија може да го докаже својот квалитет посебно во случајот на електричните автомобили.
Покрај пократката патека на кочење, поради минималниот контакт помеѓу компонентите доаѓа и до помало абење. Исто така,бидејќи станува збор з асистем со помал број на компоненти од класичниот, пониски се и трошоците за логистика и монтажа. Една од најинтересните предности е што е можно да се задржи и класичниот хидрауличен систем и да се примени хибриден систем – на пример хидрауличен систем на предната и елетромагнетен на задната оска.