Светскиот гигант во производството на челик ArcelorMittal, не успева да постигне минимум стандарди за заштита на животната средина кога е во прашање нивната фабрика во централна Босна, пишува британскиот The Guardian. Големата железарница во Зеница работи без важечки дозволи и ветуваните реконструкции на системите со цел намалување на емисијата на штетни гасови.
Кога во 2004 година Mittal ја купил железарницата во Зеница, ветувани се бројни инвестиции за почиста животна средина. Но денес, повеќе од една деценија подоцна, многу од овие проекти не се завршени. Градот со околу 100.000 жители одамна е познат по производството на челик, според кој е наречен и локалниот фудбалски клуб.
Високите оџаци доминираат во изгледот на градот, а концентрацијата на сулфурен диоксид неретко ги надминува максимално дозволените вредности според ЕУ стандардите за повеќе од 150 пати. Граѓаните веќе одамна протестираат за своето право за чист воздух, но надлежните во Федерацијата на БиХ се уште немаат решение.
Извор: The Guardian