Насловна / Вести / Зен градини

Зен градини

Создадени од будистички монаси во древна Јапонија, зен-градините често се нарекуваат „минијатурни пејзажи“, бидејќи нивните компоненти симболизираат аспекти на природата. Како основа на пејзажот најчесто се зема чакал, со што се појавуваат бранувања кои ги симболизираат океанските бранови, а високите тесни камења што се поставени вертикално ги претставуваат планините. Помеѓу нив  пократки, позаоблени или рамни карпи претставуваат острови.

4

Изградбата на  зен-градина на некој начин претставува креирање на совршено место за медитација. Некои градинари при создавање на градини ги користат боите кои ги внесуваат во градината како начин за креирање на смирувачки ефекти, искористувајќи растенија со „ладни“ бои, како што се сина и виолетовата. Истиот ефект освен со употреба на ладни бои може да се постигне со внесување и на уникатни елементи во дизајнот.

3

Секој кој ја обожува природата и кој симболично го толкува светот има предиспозиции да биде добар градинар на зен-градини. Луѓето кои не се љубители на редовно одржување на градината и кои не се спремни да посветат поголемо внимание не е препорачливо да формираат ваков дизајн во својата градина. Зен-градините иако на прв поглед изгледаат едноставно, што всушност и е дел од нивната идеологија, нивната природа сама по себе бара многу труд за да се задржи постоечкиот пејзаж.

1

Растенијата исто така се дел од пејзажот, но нивната употреба е во помала мерка. Најчесто централно се насадени помали растенија на некој од „островите“ со што се симболизира островска вегетација, додека поголемите растенија, се садат по краевите од „океанот“. Многу често островите се симболизираат со вегетација наместо со камења.

2

При изборот на растенија треба да се внимава, затоа што во овие градини не се практикува да се користат растенија кои достигнуваат многу големи димензии. Најдобро е кога изборот ќе падне на помали дрвја или поголеми грмушки.

7

Освен топијарените форми на растенија во зен-градините голема примена имаат декоративните треви и сукулентни растенија. Голем број на вариетети од родот на Sedum spp. создаваат одличен ефект во комбинација со камењата и големите карпи. Исто така со вариетети од родот Heuchera може да се постигне супер ефект, особено ако се земе предвид убавата боја на листовите и цветовите кај поедини видови растенија од овој вид.

8

 

Исто така бамбусите имаат голема примена во уредувањето на овие градини. Од грмушестите растенија може да се сретнат видови како азалеја, камелија, хоста, вистерија, Abelia x grandiflora, Hydrangea sp, Rosmarinus officinalis, Lavandula кои со своите цветови исто така создаваат многу убав контраст.

6

Испрати коментар

Scroll To Top