Утре (15 април) во 20 и 30 часот, бо објектот „Мала станица“, по повод Светскиот ден на уметноста, Националната галерија на Македонија, Музејот на град Скопје и Асоцијацијата за култура „ИКОН“ организираат промоција на книга и отворање на изложба под наслов „Земна и небесна екстаза, светска љубовна поезија и сликарство“.
Автори – учесници на изложбата се Васко Ташковски, Владимир Георгиевски, Павле Кузмановски, Ниче Василев, Симон Шемов, Доне Милјановски, Петар Попчев, Стефан Хаџи-Николов, Новица Трајковски, Маријета Сидовски, Гоце Божурски, Решат Амети, Илија Спасовски-Чендо, Бук Митевски, Симонида Филипова-Китановска и Бернхард Холеман.
Инспирацијата, учесниците на изложбата ја црпеле од антологискиот избор на поезијата на Соломон, Лермонтов, Хајне, Блок, Верлен, Лорка, Кович, Ацо Шопов и Анте Поповски