Насловна / Вести / Земјотрес во јужниот дел од Охридското Езеро – најсилен во епицентралното подрачје

Земјотрес во јужниот дел од Охридското Езеро – најсилен во епицентралното подрачје

Сеизмичката активност на територијата на Република Македонија и пограничните региони е поврзана со деструктивните процеси во земјината кора, односно тектонските движења кои се манифестираат и денес, во издигањето или тонењето и латералното поместување на одделните блокови. Доказ за тоа се големиот број земјотреси случени во минатото како и во поновата историја. Земјотресите случени во периодот 1901 – 2015 година прикажани се на слика 1.

1

Слика 1. Каталог на земјотреси за Македонија и блискиот соседен регион (1900 – 2015 г.)

Извор на податоци: Сеизмолошка опсерваторија при УКИМ-ПМФ, Скопје

Изработиле: Д. Черних, К. Дрогрешка

Регионот околу Охридското Езеро е еден од сеизмички најактивните, со висок потенцијал за генерирање на силни земјотреси. Од расположливите историски податоци, освен за разурнувачкиот земјотрес од 527 г. н. е., постојат и податоци кои говорат за случување на силни земјотреси со магнитуда ML≥6 (1906, 1911 и 1912 г.). Карактеристична е серијата на земјотреси кои се случиле во јужниот дел на Охридското Езеро во периодот 1896 – 1912 г. (слика 2, табела 1) која резултирала со сериозни оштетувања во регионот.

Ноќта помеѓу 18 и 19 февруари 1911 г., во јужниот дел на Охридското Езеро се случил силен земјотрес со магнитуда ML=6.7 и епицентрален интензитет од Io=IX степени. Земјотресот најсилно бил почувствуван во околината на с. Старово и Поградец во Албанија, како и во с. Љубаништа во Македонија. Силината на земјотресот била почувствувана и во поширокиот регион, сè до Скопје и Скадар (слика 3). После случувањето на овој силен земјотрес, сеизмичката активност која следела по силниот земјотрес била во времетраење повеќе од една година, а се карактеризирала со низа последователни сеизмички настани од кои десетина биле со магнитуда ML помеѓу 5 и 6 степени од Рихтеровата скала (слика 2).2

 Слика 2. Сеизмичка активност во епицентралното подрачје јужен дел на Охридското Езеро за периодот пред и по 1900 г. со магнитуда Mm  ≥ 5.0. Mm- магнитуда според макросеизмичките податоци, Io- епицентрален интензитет

Извор на податоци: Сеизмолошка опсерваторија при УКИМ-ПМФ, Скопје

Изработиле: Д. Черних, К. Дрогрешка

Табела 1: Најсилни земјотреси од  епицентралното подрачје јужен дел на Охридското Езеро за периодот пред и по 1900 г. со магнитуда Mm ≥ 5.0.

Датум

h:min:s

Магнитуда

(Mm)

Интензитет

(Io)

11.2.1896

21:36:00

5.2

VII

28.9.1906

02:30:00

6.0

VIII

18.2.1911

21:35:00

6.7

IX

18.2.1911

21:38:00

5.9

VIII

18.2.1911

22:58:00

5.9

VIII

18.2.1911

22:59:00

5.9

VIII

18.2.1911

23:53:00

5.9

VIII

20.2.1911

03:45:00

5.3

VII

20.2.1911

15:15:00

5.3

VII

21.2.1911

13:46:00

5.4

VII-VIII

22.2.1911

02:08:00

5.9

VIII

5.3.1911

00:40:00

5.1

VII

9.3.1911

00:00:00

5.6

VIII

11.3.1911

21:00:00

5.1

VII

1.6.1911

14:37:00

5.1

VII

13.2.1912

08:04:00

6.0

VIII

4

Слика 3. Карта на изосеисти за земјотресот од 18 февруари 1911 г.

Извор на податоци: Сеизмолошка опсерваторија при УКИМ-ПМФ, Скопје

Изработил: Д. Хаџиевски; Дигитализација: Р. Шалиќ, З. Милутиновиќ

Неотектонски и сеизмотектонски карактеристики

Во крајниот западен дел на Македонија со неотектонските процеси, во режим на екстензија била формирана низа од тектонски депресии (грабени). Од југ кон север тоа се Преспанската, Охридската, Пискупштинската и Дебарската. Спрема запад Охридската има продолжение во Албанија во депресиите Малиќи-Корча, а Пискупштинската и Дебарската во Пешкопеа. Сите овие депресии претставуваат тектонски грабени формирани со млади гравитациони (нормални) раседи, од кои некои се активни и денес, и акумулираната енергија долж нив се ослободува со појави на земјотреси, често и со катастрофален карактер. Според флористички фосилни остатоци во седиментите кои ги исполнуваат овие неогенски грабени, истите како тектонски потонати блокови биле создадени во најгорен миоцен, пред околу 6 – 8.6 милиони години. Грабените постепено преминувале во слатководни езера, од кои Преспанското, Охридското и некои плитки езерца во Албанија и денес егзистираат. Притоа најстари фосили се пронајдени во Пискупштинскиот и Преспанскиот седиментен грабен, додека Охридскиот и Дебарскиот се јавуваат како помлади структури.

Според Думурџанов, Милутиновиќ и Шалиќ (2016) сеизмотектонското охридско епицентрално подрачје влегува во охридско-струшката сеизмотектонска зона. Зоната е дефинирана со Охридскиот Грабен, ограничен со систем на паралелни гравитациони раседи, контрастно изразени во релјефот со протегање север-југ спрема издигнатиот блок (хорст) Галичица – Петрина Планина на исток (Пештанско-Петринските Раседи) и хорстот Мокра Гора – Јабланица на запад (Јабланички Расед). На север, грабенот е лимитиран со раседи слабо изразени во релјефот спрема планините Славеј и Слатински Планини.

Јужното крајбрежје на Охридското Езеро (Албанија), како дел од Охридскиот Грабен, каде се јавува најсилна сеизмичка деструктивност, претставува ридесто возвишение со нејасно дефинирани гравитациони раседи од исток – запад, североисток – југозапад и северозапад – југоисток. Исклучок е јасно изразениот расед, кој се протега од северозапад кон југоисток и кој го ограничува грабенот спрема хорстот Галичица (Галички Расед).

Поместувањата долж јужните краеви на Пештанско – Петринските и Јабланичкиот Расед, како контрасно изразени раседи во релјефот, но и како рабни раседи на Охридската Депресија, продолжуваат и денес, условувајќи висока сеизмичка активност во јужниот дел на Охридското Езеро.

Ефекти врз изградената околина и природната средина

Земјотресот од 1911 г. предизвикал целосно уништување на многу станбени објекти во Поградец, но и во селата Старово, Тучемишт и Загорчан во Албанија. Големите оштетувања биле пропратени и со бројни човечки жртви. Сите станбени објекти кои го преживеале земјотресот биле сериозно оштетени. Сите села во околината на Поградец биле целосно уништени. Сериозни оштетувања имало во градовите Корча и Билишти во Албанија, но и Битола, Прилеп и Дебар каде постојат податоци за оштетувања на ѕидовите и рушења на оџаци. Сериозни биле оштетувањата и во градот Охрид, каде покрај оштетувањето на многу станбени објекти постои и податок за целосно рушење на три џамии. Исто така сериозни биле оштетувањата и на верските објекти во с. Старово каде постојат податоци за рушење на минарињата на постојните џамии. За време на овој земјотрес нивото на водата во Охридското Езеро пораснала за 50 cm.

Пропратен со помали оштетувања овој земјотрес е почувствуван и во градот Елбасан во Албанија, Кичево и Гостивар. Со послаб интензитет е почувствуван и во градот Лече во Италија и на грчкиот остров Крф. Главниот земјотрес е регистриран од повеќе сеизмолошки станици во Европа во тоа време.

Сведоштва

Бурните историски настани кои се случувале во периодот 1911-1912 г. на територијата на овој дел на Балканскиот Полуостров, во одредена смисла го засениле публицитетот на овој земјотрес, како последица на што податоците кои денес можат да се најдат во историските архиви се изразито лимитирани.

Едни од расположливите историски податоци кои се навистина вредни, се макросеизмичките податоци кои ги поседува Сеизмолошкиот завод во Белград, Србија, во рамките на кои се дадени описи за распространетоста и типот на штетите кои се предизвикани во серијата земјотреси од 1911 до 1912 г. (слика 4).5

Слика 4. Извадок од макросеизмичкиот каталог на земјотреси за 1911 г.

Извор на податоци: Сеизмолошки завод, Белград, Србија

Сеизмичка опасност за регионот на Охридското Езеро

Регионот околу Охридското Езеро во Република Македонија според најновите карти на сеизмичко зонирање (слика 5) припаѓа во зони со изразито висока сеизмичност во Македонија (Z-4 и Z-5). Оттаму, објектите кои ќе се градат во овој регион според европските прописи ќе бараат највисоко ниво на сеизмичка заштита.6

 Слика 5. Карти на сеизмичко зонирање на Македонија за повратен период од 475 год.,

изработени според барањата на стандардот МКС EN 1998-1:2012 – Еврокод 8

Извор на податоци: Институт за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија, УКИМ-ИЗИИС, Скопје

Автори: З. Милутиновиќ, Р. Шалиќ; Соработници: Н. Думирџанов, В. Чејковска, Л. Пекевски, Д. Томиќ

Автори: проф. д-р Зоран Милутиновиќ1, д-р Драгана Черних-Анастасовска2, проф. д-р Никола Думурџанов3, доц. д-р Радмила Шалиќ1, м-р Катерина Дрогрешка2, д-р Вера Чејковска2, м-р Јасмина Најдовска2, Даниел Томиќ1.

1 Универзитет Св. Кирил и Методиј во Скопје, Институт за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС)

2 Универзитет Св. Кирил и Методиј во Скопје, Природно-математички факултет, Сеизмолошка опсерваторија

3 Рударско-геолошки факултет во Штип

3 коментари

  1. Dragi moi Makedonci i Makedonki
    Nekolku godini zaredon im pišuvam na nekolku novinari i novinarki od nekolku Makedonski novinski kući ,kade što gi obavestuvam deka mora da prestanati da se dodveruvaat Makedonskite Političari i srkvenite zaposlenici od M.P.C za našata sveta zemja Makedonija Cela Makedonska nacija treba da znaedeka nije Makedoncite sme od boga izabrani kako sveti narod.Bogot deneska gleda kako nekoi Makedonski političari i nekoi Makedonski patrijarhi i vladiki od M.P.C sakaat da na evtin način da ja uništat svetata Makedonska država .Poradi toa bog me izabra mene da go upozoram mojot Makedonski narod ,taka da samiot bog mi ja otkri svetatatajna za izgubenata drevna Makedonska civilizacija ,koja bila prva država vo Evropa koja po svoite likovi gi stvorile svoite bogovi i boginj.Dardanskite žiteli koi živeele vo gradčeto troja (arh.lok.selo Kruševica po svoite likovi gi stvorile svoite bogovi i boginji Drevnata Makedonska država bila prva vo Evropa koja imala dve pisma 1,Staroegipetski Hijeroglifi 2 Palazejsko Dardansko pismo .A Antičkite Makedonci od Drevnite Makedonci gi nasledile ovije dve pisma A pritoa Antičkite Makedonci go sozdale tretoto Antičko Makedonsko pismo.Ovije tri Antičko Makedonski pisma deneska vo svetotot se poznati kako Kamenot Antičkite Makedonci od drevnite Makedoci gi nasledile bogovite Zevs Apolon Dionis Herakle i boginjite Afrodita , Atena Artimeda Taka da Mariovskata i Prilepskata teritorija bila žarište na rano hristijanstvoto i pismenosta .Kiril i Metodi od ovie Kraevi vo Evropa ja počnale da ja širat religijata i pismenosta . Deneska što rabotatat so svetiot Mnekoi Makedonski političari ili Patrijarhi od rozetapočesti zemjotresi što go

    • Te podrzuvam za Idejata i nemam nisto protiv, no vo imeto ne Boga kazi mi koja e povrzanosta na vasiot komentar so Zemjotresite? Blagodaram odnapred.

  2. Poštovani gospodine Ismet
    So nekolku rečenici će vi odgovaram za vašeto postaveno pršanje za boga . Siti nije luge na Zemjata treba da ni bidi jasno deka eden je bog i toj se naoga vo našite mozgovi Prema toa dali kršćčanskata religija go vika Bog dali Islamskata religija go vika Alh , site nije lugeto na zemjata imame svoji grvovi ,koji dragi bog ili Alah na svoj način ne kaznuva ili ni oprostuva našite grevovi .Taka i za Makedonskiot narod koj pred boga je najgolem grešnik koj mu go vrti na boga , Imeno Makedonskata nacija ne znaje ili se pravi glup da deka dragiot bog gi izabra Antičkite Makedonci gi isibral za najsveti narod vo Svetotot .Makedonskata nacija ne znae deka Antičkiot Makedonski kral Aleksandar III Makedonski e božji cin .Makedonskata nacija ne znae deka Dragiot bog na Antičkite makedonci mu dal nova hristijanska vera , potoa bogot mu dal simbol krst ,znak ,riba Makedonskata nacija ne znae deka dragiot bog za najsveti hristijanski grad go izabral Damastioni -Lihnid Ohrid . i taka natamu ,Poštovani Makedonski narod ne znaete deka poradi ignoriranje i vrtenje so grbot pred boga ,toj poleka će go uišti cel Makedonskinarod kako go unuišti i Antičkiot narod koga Aleksandar III Makedonski se proglasil kral vo Vabilon .Koja Aleksandar namerno go prekrši savezot koj go sklopil so boga To je pravata povrzanost so zemjotresite koji se dešavaat vo najsvetiot Makedonski grad Damastioni.Lihnid Ohrid Bogot poeka go kaznuva Makedonskiot narod i svetiot grafd Ohrid ,koji denešnitte makedonski ne ja zaslužuvaat pravoslavna hristijanska vera koj sam bog mu ja dade

Испрати коментар

Scroll To Top