Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, утринава во 9.54 часот регистрира слаб земјотрес со Рихтерова магнитуда 3.4, кој потекнува од охридското епицентрално подрачје. Неговиот епицентар се наоѓа на 5 километри источно од Охрид.
Земјотресот беше почувствуван од населението во Охрид и околината со интензитет III-IV степени според Европската макросеизмичка скала.