Секретаријатот на Европската заедница објави дека се е подготвено земјите од Западен Балкан да започнат со издавање на зелени сертификати за потеклото на електричната енергија, кои гарантираат дека произведената енергија е од обновливи извори. Во моментот вакви сертификати издава само Србија. Во процесот на подготовка, за земјите од регионов е важно соодветните национални акредатициони тела да потпишат договори за користење на националните регистри со специјализираната компанија Grexel, која е избрана во соодветна постапка.
Оваа компанија направила регистри на зелени сертификати за земјите од Западен Балкан, но и за Грузија, Молдавија и Украина, кои исто така се договорни страни на Енергетската заедница. Земјите имаат рок до крајот на јуни 2023 година да потпишат договор со Grexel, и националните регистри ќе започнат со работа, но се верува дека тоа ќе се случи пред рокот. Од Енергетската заедница појаснуваат дека е добро за земјите да имаат регистри и уредена трговија со гаранции за потеклото ан електричната енергија, бидејќи с епоголем е бројот на компании кои сакаат исклучиво сертифицирана енергија од обновливи извори.