Најсилните светски економии собрани во групата Г-20, годишно трошат 452 милијарди долари на субвенции на индустријата на фосилни горива, и покрај штетното влијание на овие горива врз климатските промени. Ова го објави британскиот Overseas Development Institute и Oil online casino Change International Fund.
Истражувањата покажале дека субвенциите за нафтата, јагленот и гасот се четири пати поголеми отколку глобалните потпори за обновливите извори на енергија. Поддршката вклучува директни и даночни олеснувања (78 милијарди УСД), вложувања на државни компании во тој сектор (286 милијарди УСД), и заеми од државни банки (88 милијарди УСД).
Во извештајот се подвлекува дека на овој начин државите ја поткопуваат климатската политика која самите ја прокламираат.