Насловна / Вести / Земјите од ЕУ одвоиле 236 милијарди евра за помош во текот на енергетската криза

Земјите од ЕУ одвоиле 236 милијарди евра за помош во текот на енергетската криза

Владите од 25 земји од Европската Унија (ЕУ), од минатиот септември определиле вкупно околу 236 милијарди евра за разна помош на граѓаните и компаниите поради порастот на цените на енергијата. Мерките вклучуваат даночни олеснувања, но и директна финансиска помош, наведува економскиот институт Bruegel од Брисел. Една од мерките за помош која е применета во најголем дел од анализираните земји е намалувањето на данокот за енергија, вклучувајќи го и суспендирањето на данокот за зелена енергија, како што е тоа случај во Австрија.  Исто така, повеќето земји членки воведоа директна финансиска помош за загрозените домаќинства. Другите видови ан помош кои ги забележува Bruegel вклучуваат ограничување на цените на електричната енергија и природен гас, данок на екстра профит, како и поддршка на компаниите. Во Грција на пример, владата ги субвенционира електричната енергија и гасот задомаќинствата и малите компании.

stateaid1

Најголем дел во вкупниот износ, односно над 180 милијарди евра, издвојуваат четири земји од ЕУ, поточно Германија (60,2 милијарди), Италија (49,5 милијарди), Франција (44,7 милијарди) и Шпанија (27,3 милијарди). Bruegel истакнува дека овие емрки се „разгледани, предложени или усвоени“ во периодот од септември 2021 година, кога настапи енергетската криза.

Испрати коментар

Scroll To Top