Насловна / Вести / Земјите од ЕУ и натаму не се откажуваат од електраните на јаглен

Земјите од ЕУ и натаму не се откажуваат од електраните на јаглен

Предлогот на Шведска да се продолжат субвенциите за термоелектрани на јаглен, ги поремети плановите на земјите од Европската унија да ја одобрат реформата на пазарот на електрична енергија во европскиот блок, осмислена за целосно свртување на енергетскиот систем кон „почиста“ енергија. Министрите за енергетика на земјите од ЕУ, се состанаа во Луксембург со цел да договорат заеднички став за новите правила на ЕУ пазарот за електрична енергија, чија цел е проширување на капацитетите за производство на електрична енергија со ниска содржина на јаглерод. На состанокот исто така се разгледувало како да се направи стабилен систем кој е отпорен на потенцијалните идни енергетски кризи со желба да се заштити населението од високи сметки за електрична и топлинска енергија.

coaltpp1

Но, разговорите се закомплицирани со доцниот предлог на Шведска, која ја претставува ЕУ по принципот на ротација, да им се дозволи на земјите да ги продолжат актуелните механизми за субвенционирање на електраните на јаглен, според кои тие се држат во состојба на погонска спремност. Според предлогот, Полска би можела да ја продолжи својата шема на поддршка за термоелектраните на јаглен и после 2025 година. Но, ЕУ дипломатите велат дека некои влади се откажале од предлогот поради загриженост за животната средина, ризикувајќи го договорот за севкупните реформи во енергетиката. Некои земји на ЕУ тврдат дека им е потребна поголема флексибилност во потенцијалната брзина на транзиција на фосилните горива на целосно користење на обновливите извори. Полска произведува околу 70% од електричната енергија од јаглен. Висок претставник на ЕУ рекол дека користењето на јагленот ќе биде дозволено само „под многу специфични услови“. Тој рекол дека се очекува министрите да ги одобрат реформите на пазарот на електрична енергија, но дека не е јасно дали издвојувањето на јагленот ќе влезе во конечниот договор.

tppcoal2

Испрати коментар

Scroll To Top