Насловна / Вести / Земјите на Г7 сепак не поставија цели за електрификација на сообраќајот

Земјите на Г7 сепак не поставија цели за електрификација на сообраќајот

Земјите од групата Г7 (Канада, Франција, Германија, Италија, Јапонија, САД и Велика Британија) на последниот состанок сепак не поставија цели во врска со продажбата на електрични возила, во своето настојување за електрификација на сообраќајот, ветувајќи само дека ќе ги интензивираат напорите за зголемување на понудата на поодржливи начини на транспорт. „Во нашите сообраќајни сектори се обврзуваме за одржлива, декарбонизирана мобилност и на проширување на технологиите на возилата со нулта емисии, вклучувајќи ги автобусите, возовите, бродарството и авиосообраќајот, во текот на оваа деценија, но и подоцна. Тоа вклучува поддрѓка за забрзување на воведувањето на потребната инфраструктура, како што е инфраструктурата за за полнење, како и зголемување на понудите за поодржлив начин на превоз, вклучувајќи го и јавниот превоз, заедничката мобилност, велосипедизам и пешачење. Исто така, се обврзуваме дека ќе го забрзаме преминот од продажба на возила на бензин и дизел, на возила со нулта емисија“ стои во соопштението на Г7. Велика Британија е меѓу ретките земји кои си поставија цели за постепено целосно укинување на возила со мотори со внатрешно согорување, но се чини дека на ниво на групата преовладале други ставови. Велика Британија планира да ја забрани продажбата на вакви возила до 2030 година, а од 2035 година ќе дозволи продажба само на возила со нулта емисија. Тоа е доволно сериозен предизвик само за една земја, а уште поголем за останатите во Г&, без оглед што станува збор за најголемите економии во светот.

G71

G72

Масовното прифаќање на  електричните возила е поздравено како еден од столбовите на енергетската транзиција, но неодамна е предупредено дека некои предизвици како снабдувањето со бакар и челик, но и батерии, може да станат сериозни. Со тоа се поврзани и сериозни трошоци: кризата за било кој клучен материјал или компонента, би довела до повисоки цени, а во исто време на купувачите им се потребни субвенции за купување на електричен автомобил. Постои и политички ризик – најголем број од капацитетите за производство на клучните компоненти за електрични возила се лоцирани во Кина.

Испрати коментар

Scroll To Top