Кога неколкумина искусни ловци минатиот месец забележале пукнатина на почвата на еден ранч во американската сојузна држава Вајоминг, речиси и да не размислувале за неа. Но кога по две недели патот ги одвел повторно на истото место, не можеле да им поверуваат и на сопствените очи. Пукнатината во планините Бигхорн се претворила во кањон, пренесува „Вашингтон пост“.
„Мислам дека никој не знае што точно се случило, се појави одненадеж. Поради димезиите навистина изгледа фасцинантно“, вели Џилиленд, сопственик на локалната фарма која организира лов на антилопи, елени и мечки. Процепот е широк околу 45 метри, а должината е еднаква на шест фудбалски терени. Не е импресивна само големината на „длабоката рана“, како што ја викаат локалците, туку и брзината со која настанала.
Според проценките на стручните лица, слевањето на големи количини вода низ падините сериозно ја нарушила стабилноста на тлото. Еродирале околу 15 милиони кубни метри земја, а измерено е дека процепот е длабок 686 метри.