Сместен во Хеилонгјианг, провинција на северот на Кина, овој фестивал на снег и лед во Харбин со 35 годишна традиција ги отвори своите врати и воодушеви посетителите…
Овој фестивал секоја година се одржува во парк окован со снег на околу 60 хектари. Фестивалот е отворен на 5. јануари, го красат скулптури од снег и лед и привлекува повеќе од милион посетители секоја година.
Околу 10.000 работници поминале 15 дена во изградба на ова заледено кралство. Околу 120.000 кубни метри ледени блокови се извлечени од заледената река Сонгхуа, а проеизведен е 22.000 кубни метри вештачки снег за создавање на ова заледено чудо.
Централниот украс на зимската земја на чуда, наречен „круна од лед и снег“ е кула со висина 40 метри.
Прв пат одржан 1985. година, овој фестивал е инспириран од традиционалните лампиони на Хеилонгјианг, кои се исклесани од лед, а осветлени со свеќи. Со текот на годините, фестивалот станал една од главните зимски атракции во Кина. Активностите и настаните кои ги нуди фестивалот, поделени се во неколку категории, вклучувајќи туризам на снег и лед, модна култура, саем на снег и лед и спорт.
Овој тематски парк се состои од 21 група полупроѕирни скулптури, кои се рачно работени од ледени блокови. Организаторите дизајнирале повеќе од 20 игри за деца и возрасни, вклучувајќи шест гигантски ледени тобогани и петнаесет тркачки патеки. Покрај тоа, скулптурите се осветлени со неонски светилки, а во многу од нив може да се влезе.