Граѓанската организација Zelena akcija проетестира против намерите на хрватската влада на направи посебен закон за терминалот за течен природен гас (ТПГ) кој треба да се гради на Крк, и таа идеја ја нарекуваат „скандалозна“. Опишувајќи ја состојбата, тие повлекуваат паралела со Законот за голф кој доколку останел на сила, според активистите за животна средина, ќе овозможел апартманизација и девастација на земјоделското и шумското земјиште. „ Со Законот за ТПГ терминалот, исто како и со Законот за голф, би се преферирал еден енергетски проект, кој во овој случај ќе се темели на фосилно гориво. Несфатливо е, Хрватска и натаму да ги прогласува штетните проекти за стратешки, да го игорира мислењето на граѓанскиот сектор, и да донесува посебни закони со цел забрзување на изградбата. Од друга страна пак, државата прави многу малку по прашањето на развојот и инвестициите во обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност, за што има огромен потенцијал“ вели во име на „зелените“ Марија Милета. Тие истакнуваат дека се противат на изградбата на терминалот за ТПГ на островот Крк, како и на новата пратечка гасна инфраструктура во Хрватска, бидејќи не се согласуваат со констатацијата дека гасот е транзициско гориво кон одржлива енергетска иднина. Тие сметаат дека на тој начин ќе се продлабочи зависноста од фосилни горива, ќе се успори преминот кон нискојаглеродно општество и ќе се влошат уште повеќе горливите проблеми со климатските промени.