„Зелените“ ги остварија своите најдобри резултати на последните избори за Европскиот парламент, благодарение на фактот што голем број од граѓаните го препознале нивниот „повик за климатска акција“.Greens/EFA group, има 20 места повеќе отколку досега, со што станува четврта сила во оваа институција. „Зелените“ забележаа одлични резултати во повеќе земји членки, но не и во Југоисточна и Средна Европа. Во Германија, тие се појавија како втора најјака партија (22%) веднаш зад CDU на канцеларката Меркел (28%).
„Зелените“ се залагаат за целосно напуштање на јагленот и другите фосилни горива до 2030 година, како и за повлекување на приватните и јавните фондови од финансирање на проекти во областа на фосилните горива. Исто така, тие повикуваат и на итна транзиција кон јаглеродно неутрална кружна економија преку т.н Green New Deal. Владеењето на правото и хуманиот пристап кон проблемот со миграцијата се исто така на врвот на нивните приоритети.