Зелените покриви во Норвешка не се придобивка на модерната одржлива градба како во остатокот од светот, туку дел од традицијата што датира уште од средниот век. Уште тогаш, поголемиот дел од куќите се граделе од дрво, додека покривот се изработувал од кора од бреза и по правило се засадувала трева. Денес Норвежаните се трудат да ја сочуваат и традицијата и да се грижат за енергетската ефикасност и животната средина, па голем е бројот на зелените покриви и кај куќите и кај викендичките.
Од друга страна, пак, многу културни институции и комерцијални згради ги интегрираат зелените покриви во проектот како алтернатива на современите градежни материјали. Во земјите на Скандинавија, секоја година се организира натпреварување за најдобар зелен покрив.
Ширум Норвешка може да се видат неколку стотици години стари куќи прекриени со покриви од трева. Повеќето се прекриени со трева или цвеќе, но можат да се забележат и некои на кои растат нискостеблести дрвја.
Постои и прагматична причина зошто Скандинавците толку ги сакаат зелените покриви. Имено, тие не се само идеална можност за спој со природата, туку нудат и бројни социјални и финансиски погодности: jа впиваат дождовницата, ги намалуваат трошоците за зимското греење, ги намалуваат трошоците за ладење во лето, и имаат добри термоизолациони својства.