Тешко е да се каже прецизно колку животни секоја година страдаат од автомобилите ширум светот, но се проценува дека на патиштата во САД страдаат близу милион. Но, т.н. „зелени мостови“ се објекти кои на животните им овозможуваат сигурно и непречено минување преку патиштата.
Првите вакви мостови биле изградени во Франција уште во 50-тите години од минатиот век, а најдолг на светот е Natuurbrug Zanderij Crailoo во Холандија со должина од 800 метри и широчина од 50 метри.
Со оглед на тоа што со развојот на инфраструктурата, изградбата на патиштата во одредени региони станува неопходност, а со цел во исто време да се задржи природната средина на животните, се градат овие „зелени мостови“ односно тунели насипани со земја и озеленети.