Иницијативата на младите Fridays For Future – Zagreb и здружението Zelena akcija пред зградата на Владата на Република Хрватска порачаа дека „со градењето на терминалот за Течен Природен Гас (ТПГ) на Крк, односно понатаму купувањето на природниот гас како фосилно гориво, политичарите ги задолжуваат сегашните млади генерации и ја продаваат нивната иднина“.
“Освен што служи исклучиво за остварување на корпоративни интереси, изградбата на инфраструктурата за ТПГ е извесно дека нема да им помогне на граѓаните во намалување на нивните трошоци за енергија. Напротив, ќе се загрози локалниот туризам на кварнерското крајбрежје и островите, и најважно од се, ќе ги осуди сегашните млади генерации на т.н климатски холокауст. Тоа значи социјален колапс, последици по здравјето, климатска естабилизација и сл., “ коментираат од организацијата Fridays for Future.