Насловна / Хортикултура / Зеленилото – заштита од поплави во урбаните средини

Зеленилото – заштита од поплави во урбаните средини

Curitiba-1 (1)

Зеленилото, односно зелената инфраструктура претставува најголемиот филтер во градовите која помага во намалување на загадувањето на површинската вода. Заедно со тревните површини значително го намалува отекувањето на површинската вода, со што се намалува ризикот од поплави и појава на ерозија на земјиштето.

rainDS2_4763

Запечатените површини како што се патиштата, плоштадите, зградите во урбаните средини ја зголемуваат количината и брзината со која тече површинската вода по обилните врнежи. Таа вода најчесто завршува во атмосферската канализација, која не секогаш е во состојба да ја прими целата количина, со што доаѓа до поплавување на околното подрачје. За таа цел, сè повеќе метрополи користат одржливи системи за одводнување, вклучувајќи ги зелените површини како најдобро решение во справување со оваа проблематика. Врнежите што паѓаат директно на дрвјата испаруваат повторно во атмосферата или паѓаат под крошните на дрвјата каде што повторно ја искористуваат преку коренот.

watermainbreak

Според едно истражување направено од страна на Армсон, Стрингер и Енос во Манчестер, Велика Британија, истражувачите ја испитувале улогата на дрвјата и тревните површини во намалување на течењето на површинската вода во урбаните средини, мерејќи ја количината на врнежи која навлегува во атмосферската канализација. За добивање на пореални резултати, направени се испитувања на пет мерни површини на различни локации во Манчестер каде што подлогата била во пад, со специфична покривка, односно под асфалт, под тревна површина, и една пошумена со Acer Campestre. Истражувањето се одвивало во периодот од јануари до септември 2011 година.

cm-runoff

Како што се очекувало, најголемо отекување на површинската вода се јавила кај парцелата со асфалт во просек од 62% од вкупните зимски врнежи и 53% од летените врнежи е оттечена во канализација. Испарувањето на водата е поголемо во летните денови поради повисоката температура на асфалтот. Кај површините под дрвја во просек истекувала 26% од вкупните врнежи во текот на зимата и 20% од вкупните врнежи во текот на летото, што укажува дека овие површини во голема мера ја растоваруваат атмосферската канализација.

Затревената површина апсорбира најмногу од врнежите со просечно 1% оттечена вода во атмосферската канализација. Ова истражување јасно дава до знаење дека со правилно подигнување на зелените површини во урбаните средини би се намалил во голема мера ризикот од поплави и ерозија на почвата на критични места.

Еден коментар

  1. Keep on writing and chuniggg away!

Испрати коментар

Scroll To Top