Насловна / Архитектура / „Зелени sидови“ кои красат многу ентериери

„Зелени sидови“ кои красат многу ентериери

Интервју со Васил Филипов од Flower City

05

Како дојдовте до идејата да работите со овој иновативен производ? Со какви предизвици се соочувате, имајќи предвид дека ова е новитет за нашиот пазар?

Ниту еден почеток не е лесен, особено кога ќе донесете нешто ново на пазарот, кое досега не е видено, а клиентите не го познаваат. Често патувам во странство, посетувам и саеми за внатрешен дизајн и ентериери, ги следам трендовите во архитектурата така што со зелените ѕидови се имам сретнато уште пред многу години. Веднаш ме освоија, бев силно мотивиран да ги направам достапни и во Македонија, бидејќи навистина се преубави, декоративни, инспиративни.

Благодарение на новите технологии, инспирирани од големата љубов кон природата и сè што таа ни дава, денес многу лесно можеме нашиот дом или канцеларија да ги трансформираме и во нив да внесеме декоративни зелени елементи-ѕидни облоги од исклучиво природни материјали (природен мов и растенија) кои внесуваат хармонија и позитивна енергија во просторот. Кај нас се зголемува изведбата и побарувачката на зелени ѕидови во деловни простории, но и во приватни станови и куќи.

viber image

Што всушност претставуваат Вертикалните градини – зелени ѕидови?

Зелените ѕидови се еколошки производ кој овозможува внесување природа во канцелариски ентериери, банки, сали за состаноци, хотели, ресторани, домови… Нашите вертикални ѕидови, се 100 отсто природни, стабилизирани.

Станува збор за иновативен и едниствен производ од својот тип, односно зелени површини коишто подлежат на посебен процес на дехидрација и стабилизација, кој овозможува природен изглед и долготрајност. Нашите градини не бараат сончева светлина, наводнување и скоро никакво одржување, што ги прави особено погодни за комерцијални објекти.

Би сакале да напоменеме, дека трендот се проширува, па така, нашите градини се почесто ги вградуваме и во модерни и луксузни станови и приватни куќи.

Ова е производ на иднината што ни доаѓа лесно и безбедно. Станува збор за внатрешни содржини кои ќе бидат неопходен дел од секој деловен простор или дом. Ние гарантираме за долготрајноста на сите наши производи, во период од три до пет години, а доколку клиентот се придржува до одредени услови, производот од овој тип трае и до два пати подолго.

Зелените ѕидови се се повеќе хит во архитектурата и на македонскиот пазар, а трендовите покажуваат дека луѓето што ја сакаат природата и зеленилото, а не се во можност да ги одржуваат и да се грижат за нив поради деловните обврски, ги вградуваат се почесто.

Вертикалните градини можеме да ги изведеме во скоро кој било облик, форма и димензија, согласно специфичните барања на клиентот. Исто така, нудиме различни типови на дизајн / модели на градини, кои може подетално да ги погледнете на нашиот вебсајт

Privaten stan vo Skopje

Кои се предностите и карактеристики на зелените градини?

Освен што се убави за просториите, Вертикалните градини имаат и многу предности и карактеристики, а би ги издвоиле следниве

– 100% природни

– не растат

– не привлекуваат инсекти

– наменети се за ентериери

– претставуваат звучен изолатор и подобруваат звучна акустика

– имаат огноотпорни својства ( не е 100% огноотпорен, но го забавува палењето )

– не бараат сончева светлина и наводнување

– 5 години гаранција

–  не се третираат со средства

– не се токсични

– не бараат константно одржување или обновување

proc lenti likchen

Кој тип на објекти преовладуваат во Вашето портфолио – домови, или пак комерцијални објекти?

Благодарение на новите технологии, инспирирани од големата љубов кон природата и сè што таа ни дава, денес многу лесно можеме нашиот дом или канцеларија да ги трансформираме и во нив да внесеме декоративни зелени елементи-ѕидни облоги од исклучиво природни материјали (природен мов и растенија) кои ќе донесат хармонија и позитивна енергија во просторот, раскажува Васил, додавајќи дека кај нас се зголемува изведбата на зелени ѕидови во деловни простории, но и во приватни станови и куќи.

pro credit off

Дали можете да издвоите еден проект со кој најмногу се гордее тимот на Flowercity, којшто се разликува од останатите Ваши изведби?

Во принцип, ние се гордееме и се радуваме на секој проект, независно од обемот или големината. Секој ентериер е различен, а со тоа и атрактивен на свој начин. Меѓутоа, доколку би морале да издвоиме еден, би кажал дека особено сме горди што минатата година бевме одговорни за изведбата на најголемата вертикална градина во Југоисточна Европа. Станува збор за градина со површина од над 270 квадратни метри, а истата е изведена во објектот Diamond Garden, во соработка со Адора Инженеринг, во Скопје.

Нашите градини веќе красат голем број на ентериери во банки, хотели и ресторани низ Македонија, а од неодамна започнавме и со извозни активности.

Во приватните домови, креативноста од аспект на дизајн секако може да дојде повеќе до израз, при што овозможува целосна трансформација на ентериерот. Секако дека ова за нас претставува еднакво голем предизвик.

temno zeleni polarni lisai

logo flower (Medium)

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top