Често може да се слушне дека растенија не треба да се чуваат во спална соба, бидејќи поради фотосинтезата го „крадат“ кислородот. Но, експертите велат дека постојат украсни растенија, кои всушност се „прочистувачи“ на просторот. Имено тие растенија на ефикасен и успешен начин го филтрираат и прочистуваат воздухот, а еве за кои растенија станува збор.
Сансевериа
Ова е растение одлично успева во поголем дел спани соби. Со оглед на тоа дека по природа не е многу захтевна за одгледување, а може да успева и на светло и во сенка, ова растение најнмогу сака сув воздух. Експертите велат дека Сансевериата во текот на ноќта испушта кислород, поради што е едно од најдобрите растенија за чување во спална соба.
Драцена
Визуелно атрактивно растение, особено е корисно ако го ставите во спална соба. Имено, ова растение гои отстаранува токсините од воздухот и на тој начин природно го чисти. Најдобро успева во оние спални соби, каде во поголемиот дел од денот има природно светло.
Лаванда
Освен што изгледа убаво и мириса прекрасно, ова растение е совршено токму за спални соби. Лавандата која пружа мошне пријатен мирис, воедно со својата арома помага во лечење несоница, а има и значајно седативно дејство.