Насловна / Вести / Зелени потрчковци по „зелени договори“, „зелени агенди“ и „зелени работни места“

Зелени потрчковци по „зелени договори“, „зелени агенди“ и „зелени работни места“

Во февруари 2019 г., како иницијатива оддолу-нагоре[1],[2], т.е. од законодавната (каде пратениците – посредно или непосредно – се бираат како претставници на гласачкото тело) кон извршната власт, Конгресот на САД, на својата 116-та Седница, ја прифати 109-тата Резолуција, со која Владата на САД се задолжува да го создаде т.н. „Зелен нов договор“ (анг. Green New Deal[3],[4]) (GND). Накратко, преку 10-годишна националнa рамка, GND треба да го поплочи патот кон реализација на следните цели:

  1. постигнување „нето-нула емисии“ (анг. net-zero emissions) на гасовите кои предизвикуваат ефект на стаклена градина (анг. green-house gasses – GHG);
  2. отворање неколку милиони високоплатени работни места, при што, за сите ќе биде обезбедена економската сигурност;
  3. инвестирање во инфраструктура и индустрија;
  4. обезбедување чист воздух и вода, отпорност кон климатските промени и отпорност на заедницата, здрава храна, пристап до природата и одржлива животна средина за сите; и
  5. промовирање правда и еднаквост за сите.

FXP5X3

Дополнително, наведени се активности и проекти преку кои би се реализирале договорените цели, како на пр.

GND_А1.     воспоставување „паметни“ електрични мрежи (т.е. мрежи со кои на клиентите им се овозможува да ја намалат нивната енергетска потрошувачка во периодите на најголема дневна побарувачка, од една страна, заради оптимирање на потребата за електрична енегија во рамки на мрежата, но од друга страна, и во насока на избегнување непотребни економски реперкусии бидејќи обично во тие периоди цените на електрична енергија се највисоки);

GND_А2.     реконструкција на сите постоечки згради и изградба на нови, заради постигнување максимална ефикасност во потрошувачката, преку оптимирање на потребите од енергија и вода;

GND_А3.     отстранување на загадувањето и емисиите на гасовите кои предизвикуваат ефект на стаклена градина од секторите транспорт и земјоделие;

GND_А4.     расчистување на постоечките локации каде се депонира(л) опасен отпад, како и на напуштените диви депонии;

GND_А5.     обезбедување непостоење нелојална конкуренција меѓу деловните лица; и

GND_А6.     обезбедување високо образование, висококвалитетна здравствена заштита и достапно, сигурно и соодветно домување за сите.

Во април 2021 г.[5] Резолуцијата 332 го потврди и попрецизно го прошири (во дел и квантитативно) дефинирањето на целите. Имено, во однос на GND_G1, додефинирана е рамката за глобалното затоплување да остане под 1,5 °C, додека во GND_G2 специфизирано е дека работните места треба да бидат синдикатски (што е многу интересно од аспект на тежината и влијанието на работничките синдикати во политичкиот систем на САД).

1_resize

Од наведеното, јасно е дека фокусот на GND е во (види табела 1.)

  1. исполнување на целите на одржлив развој (анг. Sustainable Development GoalsSDGs[6],[7]), со директен акцент на одржување и зачувување на почиста животна средина, и тоа, чиста и достапна вода – SDG6, справување со климатските промени – SDG13, запазување на животот под вода – SDG14 и животот на земјата – SDG15, на развојот на индустријата преку исползување на обновливите видови енергија – SDG7 и целење кон иновативност и кон подобрување на инфраструктурата – SDG9, на обезбедувањето квалитетно образование – SDG4, справување со сиромаштијата – SDG1 и со гладта – SDG2, обезбедување добро здравје – SDG3, родова еднаквост – SDG5, мир и правда – SDG16;
  2. нивна реализација преку одржлива економско-социјална рамка (преку обезбедување партнерство за остварување на сите наведени цели – SDG17), која гарантира нови т.н. „зелениработни места, преку реализација на следните цели на одржлив развој: обезбедување пристојни работни места и економски раст – SDG8, намалување на социоекономската нееднаквост – SDG10, практикување одговорна потрошувачка – SDG12, а сето тоа преку проекти и активности кои ќе водат кон одржливи градови и населби – SDG11.

tabela_1_resize

tabela_1_1_resize

На европско тло, онаму каде (барем декларативно) цели македонското општество, ситуацијата е слична, но и помалку различна. Европската комисија (ЕК), како законодавно тело на Европската Унија, разработи, предложи и донесе слична иницијатива под името „Европски зелен договор“ (анг. European Green Deal[8],[9]) (EGD), во која, споредено со NGD на САД [10], рамките – без оглед дали временски, финансиски, бројчени и сл. – границите, таргетите и заложбите се многу попрецизно дефинирани. Накратко, препознавајќи ги климатските промени и деградацијата на животната средина како егзистенцијална закана за Европа и светот, ЕК го предлага EGD како рамка и иницијатива која ќе го трасира патот кон надминуање на овие предизвици, преку трансформирање на економијата во земјите членки на ЕУ во модерна, конкурентна и економија ефикасна во однос на ресурсите. Главните цели на EGD се да се обезбеди:

EGD_G1. „нето-нула емисии“ на гасовите кои предизвикуваат ефект на стаклена градина до 2050 година;

EGD_G2. раздвојување на економскиот раст од (заб. авт.) достапноста и користењето на ресурсите;

EGD_G3. обезбедување ниту едно лице и ниту едно место да не е превидено, прескокнато или запоставено.

И за оваа иницијатива патот на усогласување на содржината и нејзиното прифаќање е оддолу-нагоре, т.е. од законодавната до извршната власт. Другите релации меѓу NGD  на САД и EGD се дадени во табела 1. Активностите со кои овие цели може да се постигнат се групирани во 5 категории и тоа

EGD_А1.  Активности со кои се намалуваат емисиите ,

EGD_А2.  Креирање работни места и промовирање и постигнување (економски) раст ,

EGD_А3.  Справување со енергетската сиромаштија ,

EGD_А4.  Намалување на зависноста од надворешни увози на енергија, т.е. (заб. авт.) постигнување поголема енергетска независност и отпорност , и

EGD_А5.  Подобрување на здравјето и добросостојбата .

8_resize

Каква е состојбата во Македонија? Според објавените дневни редови на седниците во македонското Собрание, кое е пандан на Конгресот на САД или на Европската комисија (заб. авт. – еквиваленцијата сепак не е потполна поради посложената општествено-политичка структура на трите наведени политички системи), како законодавна власт во Македонија, Софиската декларација од ноември 2020 година[11], со која земјите од т.н. Западен Балкан се обврзаа на имплементација на т.н. „Зелена агенда“ никогаш не била разгледувана, дискутирана и/или прифатена од македонските народни пратеници. Од друга страна, на седниците на Владата, има само едно и единствено известување[12] и листа на заклучоците преземени од текстот на декларацијата[13], за учеството на наши претставници на состаноците и (cit.) „потврдување, препознавање, прифаќање на постулатите на т.н. „Зелена агенда“12,13,14,15 за Западен Балкан“.

0_resize

 

Се поставува прашањето,

  1. 1.       каде е тука застапеноста на секој граѓанин од Македонија, неговото вклучување во донесувањето одлуки во врска со, во Уставот, загарантираните права на чиста животна средина, слободен пристап/достапност до работни места и сл., кои преку пратениците, секој граѓанин би требало да има можност да ги пренесе на законодавното тело, а потоа и до извршната власт.
  2. 2.       дали ваквите постапки на политичките и граѓанските претставници кои делуваат во Собранието како законодавна и во Владата како извршна власт, може да се препознаат како вистински, суштински и искрени заложби за реални акции во насока на заштита на околината, создавењето и еднаквата достапност на зелени работни места… или, се всушност само зелена обвивка за празните, но „интригантни“ предизборни ветувања, со кои авторите на ваквите ветувања се претвораат во „ЗЕЛЕНИ ПОТРЧКОВЦИ“ по „зелените договори“ и по „зелените агенди“.
  3. 3.       дали македонското општество има подготвено ресурси (материјални, енергетски и човечки) со кои одговорно може да пристапи кон препознавање на најгорливите проблеми кои се дефинирани во Зелената агенда за Западниот Балкан, нивна приоретизација и соодветно планирање активности за најсоодветно пристапување кон разрешување на секој од препознаените проблеми.

6_resize

3_resize

Одговорот на првото прашање е кристално јасен, од фактот дека ниту Собранието продложило или наложило, ниту Владата дискутирала и/или прифатила некаков правен обврзувачки акт со кој македонското општество се приклучува кон Зелената агенда. Се чини дека наложувањето за балканските земји секојпат е одгоре-надолу и тоа од суфлерите кои најчесто се стационирани во дипломатските претставништва на земјите членки на ЕУ, европските мисии и/или на САД и Британија. Оттука произлегува и следното прашање, дали нешто што е натурено или насадено без да се земат предвид специфичностите на земјата каде нешто треба да се имплементира, има реална можност за позитивен исход. Или пак, поправилен и логичен би бил патот кој е одбран и од САД и од ЕК, т.е. искрените и суштински зелени иницијативи да произлегуваат од секој граѓанин, да се презентираат и прифатат во Собранието и согласно тоа да се реализираат доследно, одговорно и отчетно од извршната власт, како на државно, така и на локално ниво.

4_resize

Одговорот на второто прашање е уште појасен. Устите на политичарите и програмите на политичките партии се преполни со зелена енергија, зелен сообраќај, зелен живот, чиста средина, чиста вода, чист воздух и т.н., и „секако“, зелени работни места кои сето претходно наведено „наводно“ ќе го реализираат. Но, повторно се отвораат нови прашања, т.е. колку јавни претпријатија, колку јавни образовни институции, колку зданија кои се под државна или општинска надлежност, може да се пофалат со зелена стратегија, преточена во зелена политика, која гарантира посветеност, овозможува конципирање акциски планови и веќе спроведува одржливи активности кои навистина може да се именуваат како „зелени“? Чест на спорадичните исклучоци ограничени во просторот и времето, но нивниот број е навистина мал.

13_resize

Одговорот на третото прашање е уште позасрамувачко. Не дека се бараат оправдувања, но како и може да се очекува реализација на, често, многу скапите проектни активности кои обезбедуваат чиста животна средина, кога одвојувањата во буџетот на Македонија за ставката заштита на животната средина се во опсегот од 0,4 до 0,7 % за периодот од 2011 до 2021[14] (табела 2, притоа треба да се има предвид големината на македонскиот буџет, наспроти буџетите на земјите од ЕУ и САД, т.е. апсолутата вредност на наведените проценти, кои се реално на располагање за реализација на проектите за справување со загадувањето на животната средина). Причината за тоа е дека секторот заштита на животната средина, многу почесто бара финансирање, додека повратот на инвестицијата (барем финансиската) се цени за мал или никаков, па ретки се тие кои ќе пројават интерес, финансиски да поддржат и реализираат вакви активности.

11_resize

Но, ова е само едно кусогледо и несеопфатно гледање на проблемот! Ако на една страна се стават инвестициите за превенирање на загадувањето на животната средина, кое со себе повлекува и превенција од загубено здравје, работоспособност, неисплата на здравствено осигурување поради загубено здравје, намалени трошоци за лекување на нарушеното здравје, избегнат загубен живот на старател или родител и со тоа префрлање на грижата на децата во домови за згрижување или згрижувачки семејства и слични вакви превенирања познати под терминот приод кој го решава проблемот на почеток (анг. beginning-of-pipe approach), пред тој да произведе поголеми последици, а од другата се ставаат трошоците за отстранување на последиците од претходно наведените ризици, пресметката укажува на неколку стотини пати повисоки трошоци за второто – т.е. т.н. приод кој се справува со последиците (анг. end-of-pipe approach). Една од мерките, која се покажала како успешна во превенција на горенаведените реперкусии, е подигнување на нивото на знаење и свеста за предочените проблеми, а тоа се постигнува со воведување наставни единици во сите нивоа  на образование, почнувајќи од претшколската возраст до високото образование, а потоа и низ целиот живот. Секако, не смее да се заборави и моментот на домашното воспитание.

15_resize

Во табела 1, дадена е споредба на некои карактеристики во врска со предлагањето, дискусиите во претставничките тела на соодветните држави/заедници, процесот на донесувањето, како и постоење и расположивост на ресурси кои овозможуваат/се неопходни за имплементација на „Зелениот нов договор“, Европскиот зелен договор“ и „Зелената агенда“ на која се договорија балканските земји. Направената анализа говори сама за себе во врска со посветеноста на македонската извршна и законодавна власт околу имплементацијата на Зелената агенда, зелените работни места, зелениот начин на функционирање и делување.

Од сите претходно наведени причини, станува појасно зошто обично зад проектните активности кои финансиски застануваат или даночните обврзници на некоја земја членка на ЕУ и/или другите економски поразвиени земји на глобално ниво (САД, Јапонија, В. Британија), меѓународни и глобални фондови за поддршка на зелените агенди, како и поволни кредити од развојни банки. Во 30-годишното постоење на Македонија, постојат неброени примери за ваквата пракса кога со директна помош од разни донатори се реализираат проекти во поддршка на дефинирањето државни или локални политики (на пр. Стратегијата за одржлив развој финансирана од нордиските земји и Германија, Стратегијата за менаџмент на отпад финансирана исто така од претходните, оценка на ризиците и последиците од поплавите и справувањето со нив, поддржано од УНДП и/или Швајцарската влада и т.н.), но и за реализација на конкретни активности кои имаат потенцијал да се вбројат во Зелената агенда на Владата.

Уште повеќе, под изговорот дека сме „економија во развој“ или општество во кое најголемиот број од локалните буџети се директно зависни и редовно се дотирани од државниот буџет, реализацијата на т.н. „Зелена агенда“ најчесто е во рацете на невладиниот сектор. Тој пак, преку грантови од редовните донатори (како на пр. фондови на Обединетите нации, Европската комисија и наменски грантови линии од пријателски економски развиени земји како на пр. скандинавските држави, САД, Швајцарија, Јапонија, Британија и др.)

Автор: Aна М. ЛАЗАРЕВСКА, редовен професор



Испрати коментар

Scroll To Top