Холандскиот архитект Рејмонд Де Хулу, открива своја визија за иднината на Земјата, т.е. начинот на живот. Тој ја претставил својата идеја за 100% еколошки градови каде луѓето би живееле во згради направени од рециклирано дрво и прекриени со лисја, со цел рационално трошење на енергијата и другите природни ресурси.
Во оваа утопија не е планирано да се користат возила, а целата енергија и вода би се произведувала во рамките на самите станбени комплекси.
Овој концепт под називот “The OAS1S foundation” подразбира и четирикатници со соларни панели и прозорци со тројно застаклување.
„Потребен ни е 100% зелен концепт не само од архитектонски, туку и од урбанистички аспект. Овој концепт е вистински избор за средната класа која сака квалитетен и удобен живот“, вели Рејмонд.