Насловна / Екологија / Зеленчук одгледуван под земја

Зеленчук одгледуван под земја

3025875-poster-p-greens
Во еден бункер за заштита од воздушни напади од Втората светска војна во Лондон, на длабочина од 30 метри, под ЛЕД светилки  растат рукола, брокула и ротквици во хумусна почва на подлога од кокосови влакна. Ова е концептот на своевидна револуција во одгледувањето на зеленчук, зад која стојат двајца англичани.
original
Решението е одржливо поради повеќе фактори: се користи зафрлена неискористена површина, а се штеди и енергија бидејќи на таа длабочина владее прилично постојана температура, па греење не е потребно. Наскоро во бункерот ќе растат домати и печурки. Теоретски, секое растение може да расте под земја. Идејата му се допаднала и на лондонскиот врвен готвач Мајкл Рукс Јуниор. Тој го рекламира микро-зеленчукот и го сервира во своите ресторани.
Underground_farm_02

Испрати коментар

Scroll To Top