Управата на Град Виена ја извести јавноста дека во моментот дури 50% од површината на градот се состои од зелени површини кои системски се одржуваат и зголемуваат. Истовремено, децата во Виена секоја година садат по 10.000 нови стебла. Овогодишната акција на децата, поточно семејна акција бидејќи е помогната и од родителите, одржана е на 21.10.2017 и засадени се нови 10 500 дрвја.
Овој проект се спроведува уште од 1984, па благодарение на истиот, шумското подрачје на Виена се зголемува годишно за околу 20 000 m2 . Зелениот појас на Виена уште во 1905 година е прогласен за заштитено шумско подрачје.