Насловна / Вести / Зелената иницијатива на тенискиот турнир “US OPEN”

Зелената иницијатива на тенискиот турнир “US OPEN”

US-Open-teren

„Иако нашите тениски терени се во сина боја, ние продолжуваме да мислиме „зелено“! Ова е мотото на зелената иницијатива на тенискиот турнир US OPEN, еден од четирите најпрестижни светски тениски турнири. Оваа иницијатива датира уште од 2008 година, одосно годинава го одбележува десетгодишниот јубилеј.

US-Open-priod-zelen

Од 2008 до денес, над 3400 тони отпад е рециклиран наместо да заврши на депониите. Емисијата на стакленички гасови е намалена за 94.000 тони преку разни форми меѓу кои и енергетската ефикасност и употребата на обновливи извори на енергија. Во 2016 година јаглеродниот отпечаток од турнирот е намален за 12,000 t CO2.

US-open-pokriv-infografika

Значаен придонес во овој потфат има компанијата  Champion Energy, снабдувачот на енергија за овој турнир, кој  и годинава донира сертифицирани кредити за редукција на емисиите (Green-e certified Renewable Energy Credits (RECs)).

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top