Насловна / Екологија / Енергетска Ефикасност / Зелената енергија наспроти индустрискиот развој

Зелената енергија наспроти индустрискиот развој

erneuerbare-ernergien_12-09
Германскиот министер за економија и енергетика смета дека поместувањето на германската енергетика кон обновливи извори веќе ја доведе тамошната економија на граница на издржливост. Поддршката на зелената енергија, според него, мора да ги помине суштинските реформи за да се спречи задушувањето на индустриското производство. Тој најави дека ќе ѝ предложи на владата реформа на поттик за обновливите извори на енергија.

Учеството на обновливи извори во производството на електрична енергија во Германија, минатата година е зголемено на рекордни 23,4 отсто, покажуваат податоците на Здружението за енергетика и водостопанство. Најзначајниот извор на енергија и понатаму е јагленот, но опаѓа учеството на нуклеарната енергија, што е во соглсност со планот на Берлин, за постепено затворање на  нуклеарните електрани. Финансиските средства кои се издвојуваат за поддршка на обновливите извори во Германија се значителни.

Според податоците што ги објавија германските снабдувачи со електрична енергија, домаќинствата и малите претпријатија за поддршка на обновливи извори во изминатата година платиле 21,8 милијарди евра. Тоа е најмногу во историјата. Четворочлено семејство, за поддршка на зелената енергија, минатата година одвоило 220 евра. Пораката е јасна: одржливиот развој не подразбира само грижа за животната средина без притоа да се задоволат економските и социјалните аспекти.

Испрати коментар

Scroll To Top