Таичунг, третиот по големина град на Тајван, станува лидер на одржливата архитектура во оваа земја. Архитектите од студијата „MenoMenoPiu Architects“ и „Atelier Castro Denisoff“ бараат начин да ги озеленат покривите и да развијат обновливи енергетски извори во самиот град. Партнер во овој проект е културниот центар на Таичуг (Taichung Cultural Centre).
Културниот центар се наоѓа покрај градскиот парк (Taichung Gatewey Park) кој токму со зелените покриви ќе биде поврзан со цела низа соседни згради. Што се однесува до обновливите енергетски извори, се планира 60% учество на соларната енергија наспроти 40% енергија од ветерот.