Насловна / Вести / Зелената агенда за Западен Балкан поддржана на регионалниот самит во Софија

Зелената агенда за Западен Балкан поддржана на регионалниот самит во Софија

Прифаќањето на акциониот план за заеднички пазар во регионот и т.н “зелена агенда“, на неодамнешниот регионален самит во Софија, се очекува да резултира во економски раст и решавање на некои од најголемите предизвици од областа на заштитата на животната средина во регионот. Оваа иницијатива е дел од Економскиот и инвестициски план за Западен Балкан. Тој треба да се спроведе преку фондовите IPA III. Зелената агенда за Западен Балкан опфаќа климатска акција, циркуларна економија, заштита ан биодиверзитетот, одржлив систем за снабдување со храна и борба против загадувањето.

Во споменатиот развоен план одредени се проекти на полето на одржлив транспорт, чиста енергија, заштита на животната средина и климата, дигитализација, човечкиот капитал и приватниот сектор. Некои од клучните области се исфрлање од употреба на јагленот, обновливи извори на енергија, масовна енергетска реконструкција на зградите (Renovation Wave), управување со отпадот и третман на отпадните води. Повеќе детали за тоа што содржи овој Економски и инвестициски план за Западен Балкан може да прочитате ОВДЕ

sofiasummit1

Испрати коментар

Scroll To Top