Архитектите од бирото Zhутао имаат дизајнирано пешачки мост над автопат што може да се искачи преку зелена рампа со скалила и цик -цак патека за велосипедисти и лица со посебни потреби. Мостот е за учениците од кинескиот град Гуангдонг кои ќе одат во основното училиште Чанг, кое се наоѓа во близина на автопатот Лианху.
Првото прашање за кое архитектите се двоумеле е како да ги направат приодите до мостот. Решението е такво што се прави насип на северната страна, кој се крева до потребната височина, каде што е поставена пешачка патека која води до влезот во училиштето.
Со други зборови, архитектите го „излупиле“ постоечкиот уличен зелен појас и го поврзале со мостот, создавајќи еден вид парк. До скалите, има цик -цак рампа, како и игралишта за трчање и играње на децата.
На врвот на рампата, на западната страна од патеката, има три мали балкони со поглед на каналот. Пешачката патека е целосно затворена и е осветлена само преку прозорец на врвот на портокаловиот тунел.
Јужниот крај на пешачкиот мост завршува со серпентина што се вее околу дрвјата.
Првобитната идеја била да се покрие пешачката патека со керамички плочки, но тој материјал бил напуштен бидејќи постоел страв дека тие може да се извадат во одреден момент и да ги повредат најмалите.
Затоа, идејата била отфрлена, и наместо тоа направена е подструктура на која беа прикачени алуминиумски панели во препознатлива портокалова боја.