Компанијата Philip Morris International (PMI) го изгради својот научно-истражувачки центар во швајцарскиот град Нојшател, на самиот брегот, во форма на коцка. Носи соодветно име – Le Cube, и како што велат, претставува не само визуелна атракција, туку во своето време (2010) претставувала најнапредна научна одржлива зграда во светот.
Начинот на кој Burckhardt+Partner учествувале на конкурсот за Le Cube и го освоиле првото место, е да се искористи енергијата максимално, но во исто време да се добие архитектура која црпи инспирација од локацијата.
За почеток, урбанистичката поставеност: извонредната позадина во која се наоѓа кампусот Philip Morris International R&D, позицијата на првата линија на брегот, делува импресивно – веднаш од терасата практично „влегува во вода“.
Едноставната, уредна и елегантна геометрија се истакнува како симбол на корпоративниот имиџ. Ништо не е оставено на случајноста, па посебно внимание е посветено на погледот на објектот од станбената населба кој се наоѓа на блискиот рид.
Кровот е мешавина од површини за да се подели неговото проширување на алтернативен систем од стакло и зелена боја. Перцепцијата на покривот како „петта фасада“ е замислена преку спојот на огледалото на зелената водена површина и зеленото, вистинското стакло на кровот.
Burckhardt+Partner искористиле нов пристап кон традиционалниот систем на проектирање на крилата на зградите со „фрагментирање и извлекување на некои волумени од основната рамка на паралелепипедот, што резултира со специфична геометрија која содржи голем број различни простори“, велат авторите.
Архитектите наведуваат и дека со овој едноставен пристап сакале да внесат живот во зградата, а објектот да добие цел лавиринт за комуникација, па така кружењето низ објектот да стане своевидно „искуство“.
Трите крила на зградата ги дефинираат лабораториите, канцелариите и просторот за испорака. Помеѓу овие крила, големите атриуми нудат простори со спектакуларен поглед на езерото од различните нивоа на мостовите што ги преминуваат.
Приземјето на атриумот е замислено како тутунска градина. Проектирани како специјализирани ботанички градини, тутунските градини им нудат на посетителите дидактичка обиколка на различните видови растенија тутун. Мостовите кои се вкрстуваат меѓу крилата не се користат само како средства за циркулација, туку и како простори за комуникација.
Сè на сè, PMI не само што се потрудил да се оддалечи од „тутунските корени“ на својата индустрија, туку вложи и многу напор во својот корпоративен имиџ со оваа зграда, која во последните години го привлече вниманието на не само архитектите, туку и на туристите кои шетаат долж шеталиштето на некогаш многу посетуваното езеро Нојшател.