Насловна / Вести / Зелена инфраструктура – потреба за поздрав живот

Зелена инфраструктура – потреба за поздрав живот

Зелената инфраструктура претставува релативно нова тема и за неа сè уште нема широко прифатена дефиниција, како и податоци и сеопфатни анализи. Подржувачите на оваа тематика во развиените држави се борат на секој начин да ги внесат нивните норми во проектирањето на урбаните средини, со цел исползување на голем број придобивки кои зелената инфраструктура ги носи сама по себе. Финансискиот аспект на оваа тематика е доста сложен, но придобивките се далеку поевтини и поефикасни, на пример – од решенијата со формирање на атмосферска канализација.

АСЛА (Американско здружение на пејзажни архитекти) има објавено податоци од преку 450 студии во кои се опишани успешни примери за примена на техниката на „зелена инфраструктура“, кои ја прибираат и преработуваат дождовницата по природен пат, пред таа да истече во канализација во форма на загадена вода. Нивните испитувања се насочени кон спречување на загадувањето на урбаната средина со помош на примена на потполно природните процеси назад во урбаните средини.

12

Еден од најважните предизвици за заштита на животната средина со кои се соочуваат градовите во развиените земји, е одводнувањето на загадената дождовница од изградените површини како што се патиштата, паркинзите, крововите од објектите и сл. Според проценката на Американската агенција за заштита на животната стредина (Environmental Protection Agency), во САД годишно повеќе од десет милијарди галони нетретирана вода ја контаминира природата. Овој проблем е особено изразен во градовите во кои на ист начин се дренира канализацијата и атмосферската вода. Во случај на големи порои, овие системи се со преполн капацитет, а како резултат на тоа настанува преливање на канализацијата.

18

Со примена на зелената инфраструктура како мал дел од урбаното проектирање, со едноставно пресликување на начинот на кој природата се однесува со третирање на дождовницата, со нејзино филтрирање со помош на моќта на растенијата и земјината површина, како средина која ја апсорбира целокупната вода, овие проблеми може да бидат решени, наместо секоја вода да се третира преку систем на цевки и резервоари. Филаделфија, како еден од градовите во САД кој мака мачи со преоптовареноста на атмосферската канализација, од оваа година започна со примена на мерки за трансформација на 30% од непропустливите површини кои го оптоваруваат канализациониот систем на градот. Според очекувањата, таа површина е доволна да сочува околу 80% од водата.17 5

Елементите што се дел од зелената инфраструктура познати како Bioswales, кои имаат за цел да ја дренираат атмосферската вода, се најчесто застапени елементи заедно со дождовните градини и зелените кровови. Во нивниот случај станува збор за озеленети канали и површини кои ја апсорбираат атмосферската вода која се филтрира на природен начин преку зеленилото.2

            Зелената инфраструктура подразбира примена на зелени кровови, зголемено блоковско зеленило, зеленило вдолж патиштата, дождовни градини, вертикални градини, се со цел третирање на дождовницата не само како потенцијален загадувач, туку како ресурс за во иднина. Добро испланирана зелена инфраструктура претставува зелен пејзаж, заштета на енергија, чист воздух, регулирање на температурните разлики во урбаните средини, намален степен на заболувања, отворање на работни места.10 8 7 16 15 OLYMPUS DIGITAL CAMERA 4

Испрати коментар

Scroll To Top