Seratech, стартап фокусиран на климатските технологии, неодамна претстави прв прототип на јаглеродно неутрална тула, како резултат на 18 месеци истражување. Овој иновативен производ е создаден со финансиска поддршка на Советот за инженерска и физичка наука (EPSRC) и Фондот за иновации во високото образование (HEIF). Основна карактеристика на овие тули е нивната способност да апсорбираат јаглерод диоксид директно од фабричките оџаци, користејќи процес познат како зафаќање, минерализација и употреба на јаглерод (CCMU). Овој процес овозможува CO2, кој инаку би бил испуштен во атмосферата, трајно да биде складиран во самата тула.
Во самиот процес на производство на оваа тула, Seratech користи врзивно средство добиено од магнезиум – карбонат. Се добива низ процесот на CCMU, со што добивката е двојна – намалување на емисиите и одржлив материјал за градба. Додека за стандардно печење се користи исклучително висока температура од околу 1.200 степени Целзиусови, Seratech употребува пониска температура и потоа тулите се оставаат неколку недели да зацврстат.